четвртак, 19. јул 2012.


КОГА СИ СРЕЌЕН

Андријана Јаневска со музичка компилација за деца

Андријана Јаневска подготви предновогодишно аудиоизненадување за најмладите со наслов "Кога си среќен". Пејачката заради најголемата радост - децата извесно време се затворила во студио подготвувајќи несекојдневно пакетче. Во соработка со текстописецот Тања Веда, која, пак, напишала неколку нови детски песни и неколку преведени од англиско подрачје, ќе се обидат на децата новата 2012 година да им ја направат поубава, пораспеана и повесела. "Дедо Коле", "Кога си среќен", "Пет мали патчиња", "Динг-донг ѕвон", "Пипи - Чипи пајакот", "Трепкај, трепкај, ѕвездичке", "Бее бее", Облаче", Ѕвончиња ѕвонат", "Среќен роденден"... се само дел од песничките, кои освен што во збирката се одбрани по популарноста, имаат и едукативна цел - детето да го осознава светот околу себе.
"Соработката за проектот "Кога си среќен" со Андријана започна многу спонтано. Иницијативата лежеше во недостатокот на детски песнички на музичкиот пазар. Во потрагата по песнички, наидовме најмногу на песни за деца на англиски јазик. Тоа се познати рефрени кои дечињата ги знаат, лесно се восприемаат, но проблемот беше во тоа што не беа на мајчин јазик, па решивме да направиме препев на истите", вели текстописецот на проектот. Музичката компилација веќе е дистрибуирана во детските градинки, а наскоро ќе ја има и на музичкиот пазар.

(Ан.Ѓ.)




Нема коментара:

Постави коментар