Додајте опис
ЕКОЛОГИЈА ЧУВАЈ ЈА
ПРИРОДАТА И ТАА ТЕБЕ ЌЕ ТЕ ЧУВА!
ЗДРАВА СРЕДИНА
- Дваесет и први март е
Денот на екологијата.Зеленото јаболко е знак на екологијата,снак што ти кажува
дека нешто е чисто и здраво.
- За местото каде што живееш - дом, село,
населба или град, постојано грижи се да бидат чисти.
- Не фрлај отпадоци - од
прозорец, на улица, не фрлај пластика, таа не гние.
ПОЧИТУВАЈ ГИ ЕКОЛОШКИТЕ
ПРАВИЛА!
Грижи се за опстанокот на шумите, реките, езерата, не уништувај ги
дрвјата.Негувај ги животните и цвеќињата во својот дом, особено фикусот -
бенџамин. Тој го прочистува воздухот.
- Прави често прошетки и излети во
природата, трчај и вежбај. Така ќе бидеш здрав и силен и отпорен на
болести.
СПОРТУВАЈ!
Одрувај ја хигиената - чистотата! Внимавај да не се
повредиш! Биди искрен и кажи дали ги почитуваш овие правила?
ЗДРАВА ХРАНА -
ЗДРАВО ТЕЛО
Јади здрава храна! Храната мрсна е опасна!
Што е здраво и
врапчињата знаат - зрнеста храна.
Телото најмногу сака овошје и
зеленчук.
Контролирај го твоето здравје!
БИДИ ДОБРО
РАСПОЛОЖЕН!
Запознавај се со други деца! Играјте заедно! Прославувајте ги
родендените заедно!
Уште што треба да правиш за да бидеш здрав?
АКЦИИ - На
21 март направете акции - Чист дом, Чиста градинка, Чисто училиште,
...
СОБЕРЕТЕ ГИ НЕПОТРЕБНИТЕ ПРЕДМЕТИ И ОДНЕСЕТЕ ГИ НА ПРЕРАБОТКА -
РЕЦИКЛИРАЊЕ!
ДРАГО ДЕТЕ ТИ ПОСАКУВАМ СРЕЌНО ДЕТСТВО!
Елисавета Смичкоска
- Киковиќ
6/30/2012